Младиот фудбалер на Вардар, Матеј Николов, е цел на неколку балкански клубови. Левиот бек на „црвено-црните“ е интересен за клубови од Србија, Хрватска и БиХ и можно е уште ова лето да направи трансфер во странство. Тој настапува за генерацијата фудбалери родени 2001 година, член е на соодветната фудбалска репрезентација на Македонија, а скаутите го следеа неговиот настап против Работнички.
Матеј Николов се покажа во одлично издание, со соло акција од левата страна постигна гол во триумфот на Вардар од 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА