Македонската репрезентација до 19 години утре (28. мај) и во четвтрок (30. мај), на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата до 19 години на Израел.
Нашата селекција на 4. и 6. јуни, исто така ќе одигра два пријателски натпревари на стадионот „Борис Трајковски“ и против репрезентацијата до 19 години на Црна Гора.
Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Горан Станиќ за натпреварите против Израел и Црна Гора ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Матеј Андов (Вардар), Марко Алчевски (Академија Пандев);
Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар Панчево, Србија), Ване Тасевски (Пјаченца, Италија), Божидар Митревски (Вардар), Бојан Миланов (Њу Старс), Бојан Димовски (Вардар), Александар Ѓурковски (Вардар), Анџело Николовски (Брегалница Штип);
Среден ред: Агон Елези (Влазрими), Димитар Тодоровски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Рамин Али (Шкендија), Иван Николов (Академија Пандев), Владан Новевски (Војводина, Србија);
Напад: Методиј Максимов (Работнички), Кире Трпчевски (Њу Старс), Шуштрим Таири (Шкендија), Давид Тошевски (Работнички), Сухељ Мухарем (Шкупи).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА