Леонардо го напушти Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, на крајот заврши на петтата позиција во Серија А и тоа од клупското раководство е оценето како неуспех. Прв одговорноста ја презеде спортскиот директор Леонардо, кој се повлече од функцијата.

Бразилецот поднел неотповиклива оставка образложувајќи ја со неисполнетите цели на клубот. Следниот кој најверојатно ќе треба да си замине е Џенаро Гатузо, тренерот кој долго време одолеваше на притисокот од раководството и од фановите. Милан следната сезона ќе биде учесник во Лигата на Европа.

 

 

Се вчитува...