Селекторот Боби Милевски го објави списокот од млади фудбалери кои ќе треба да се појават на утрешниот старт на подготовките за контролниот натпревар што нашите фудбалски надежи на 6 јуни ќе го играат со Финска. Милевски конечниот список на фудбалери кои ќе настапат со Финска ќе го објави на 2 јуни, по одигрување на селективен меч што е веќе закажан на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
На поширокиот список на селекторот се наоѓаат и тројца повредени фудбалери, Јани Атанасов, Џемал Ибиши и Томче Гроздановски, за кои лекарскиот тим ќе одлучи дали ќе можат да му се стават на располагање на Милевски.
Како што наведуваат од „куќата на фудбалот“, селекторот Милевски во зависност од потребата и изданието на фудбалерите до 19 години може да го дополни списокот со играч(и) од составот на македонската репрезентација до 19 години која има закажано две контролни пресметки против Израел.
СОСТАВ
Голмани: Томас Божиновски (Феиренше, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котески (Победа).
Одбрана: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Нехар Садики (Ренова), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Денис Стошиќ (Шпилберг, Германија), Михаил Маневски (Академија Пандев), Никола Серафимов (Брегалница);
Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов * (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Миле Тодоров (Осијек, Хрватска), Енсар Љума (Шкендија), Томче Гроздановски * (Злате Моравце, Словачка);
Напад: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Џемал Ибиши *(Вардар);
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА