Интер ќе му исплати богатство на Спалети за отказот

Лучијано Спалети ја оствари зацртаната цел носејќи го Интер во Лигата на шампионите, но и тоа не е доволно за поранешниот тренер на Рома да го продолжи престојот на „Џузепе Меаца“. Антонио Конте во најскоро време ќе биде именуван за нов кормилар на „нероаѕурите“, но Спалети добро ќе ја наплати разделбата со гигантот од Милано.

Италијанските медиуми тврдат дека Спалети и членовите на неговиот стручен штаб ќе добијат вкупно 25 милиони евра како отштета за предвремениот раскин на договорите, заедно со бонусите за обезбеденото учество во ЛШ, кое беше наведено како приоритет од управата на стартот од сезонава.

„Неро-аѕурите“ сигурно ќе се обидат да ја намалат сумата со спогодбен раскин на договорот, но во ситуација кога Спалети на повидок нема нов ангажман јасно е дека овој стратег ќе настојува на целосна исплата од клубот.

Се вчитува...