Иако пред само неколку денови ја доби поддршката од раководството на Барселона, се чини избројани се деновите за Ернесто Валверде во каталонскиот клуб.
По поразот и во финалето на Купот на кралот, Валверде се најде на удар на фановите на Барса па веќе од раководството сериозно размислуваат за негова смена. Каталонски „Спорт“ се појави со ударна вест на насловната страница дека Валверде сигурно ќе биде разрешен а веќе е пронајдена и неговата замена на клупата на Барселона.
Прва „мета“ на Каталонците е селекторот на Белгија, Роберто Мартинез со кого, наводно, клубот веќе контактирал. Проблем е што Мартинез е врзан со договор за репрезентацијата на Белгија, иако тешко би можел да одбие понуда од тим како Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА