Во серијата акции за апсење на актуелни и поранешни фудбалери поврзани со местење натпревари, синоќа во Шпанија се уапсени и Самуел Сиаз, соиграч на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски од Лидс како и поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Раул Браво.
Саиз, кој изминатава полусезона од Лидс настапуваше како позајмен фудбалер во Гетафе, е уапсен под сомнение за учество во местење два натпревари, а во истата акција, иако се уште неофицијално, уапсен е и Раул Браво.
„Може само да ве информирам дека во тек се серија апсења на лица кои се поврзувани со местење натпревари во Шпанија, за што веќе имаме сериозни докази“ – информираат од шпанската полиција.
Властите во Шпанија најавуваат дека овие акции нема да запрат, затоа што имаат докази за силна мрежа која е вклучена во местењето натпреварите во двете најсилни шпански лиги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА