Атлетико Мадрид експресно најде замена за Диего Годин, откако постигна договор со Порто за ангажман на дефанзивецот Фелипе. Овој 30-годишен фудбалер ќе пристигне во Мадрид на 4 јуни, а по лекарските прегледи и официјално ќе потпише договор на три сезони со тимот на Диего Симеоне. Челниците на Атлетико ќе платат 20 милиони евра за овој трансфер.
„Постигнавме договор за продажба на Фелипе во Атлетико Мадрид. Му се заблагодаруваме на фудбалерот за сето она што го направи за нашиот клуб“ – објавија челниците на Порто.
Ангажманот на Фелипе е само прв во низата потези што управата на Атлетико ќе треба да ги повлече во следниот период. Годин заминува во Интер, Ернандез е продаден во Баерн Минхен, а од Мадрид си одат и Гризман и Хуанфран.
Претходно се најавуваше дека Атлетико ќе ангажира уште двајца фудбалери на Порто, и тоа левиот бек Алекс Телес и плејмејкерот Ерера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА