Селекторот на Австрија, Франко Фода, го објави списокот на фудбалери на чии услуги ќе смета за претстојните квлаификациски средби со Словенија (7 јуни во Клагенфурт) и со Македонија (10 јуни во Скопје).
Мирко Арнаутовиќ од Вест хем е предводник на австрискиот состав заедно со Давид Алаба од Баерн Минхен, а забележливо е дека повеќе половина репрезентативци на списокот на Фода настапуваат во германскиот шампионат. Дебитант во австрискиот состав е Алберт Валчи од Салцбург, за кого сериозен интерес во изминатиот период покажаа и Косово и Албанија, но тој на крајот ја избра Австрија за своја национална селекција.
Поради повреди на списокот на австрискиот селектор не се најдоа Флоријан Грилич од Хофенхајм и Себастијан Предл од Ватфорд.
СОСТАВ
ГОЛМАНИ: Линднер (Грасхоперс), Перван (Волфсбург), Станковиќ (Салцбург)
ОДБРАНА: Алаба (Баерн), Драговиќ (Баер Л.), Хинтерегер (Ајнтрахт), Лајнер (Салцбург), Лајнхарт (Фрајбург), Пош (Хофенхајм), Улмер (Салцбург), Валци (Салцбург).
СРЕДЕН РЕД: Баумгартлингер (Баер Л.), Илсанкер (Лајпциг), Каинц (Келн), Лајмер (Лајпциг), Лазаро (Херта), Онисиво (Мајнц), Сабицер (Лајпциг), Шауб (Келн), Шлагер (Салцбург), Зулј (Андерлехт).
НАПАД: Арнаутовиќ (Вест Хем), Бургшталер (Шалке), Грегорич (Аугсбург).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА