Шпанскиот првак Барселона донесе одлука да му даде доверба на Ернесто Валверде да остане на клупата и следната сезона. Бордот на директори на клубот ја анализираше работата на Валверде и одлучи дека и покрај загубениот трофеј во Купот на Шпанија, како и елиминацијата во ЛШ, сепак, Барселона имаше успешна сезона со освојувањето на шампионската титула во Ла Лига.
Претседателот Хозеп Мариа Бартомеу му искажа поддршка на Валверде.
„Поразот во финалето на Купот не е грешка на тренерот. Ние веруваме во Ернесто Валверде и тој ќе остане тренер и следната сезона“, изјави претседателот на каталонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА