Првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас, објави дека преговорите со Барселона за мегатрансферот на Лука Циндриќ се влезени во завршна фаза и дека поранешниот ас на Вардар дефинитивно на крајот од сезонава ќе се пресели во каталонскиот гигант.
„Ги финишираме разговорите, викендов ќе седнеме на маса со Барселона и најверојатно ќе ги договориме сите детали. Постојат неки мали разлики, но тие нема да влијаат на конечниот резултат на преговорите – ќе постигнеме целосен договор. Сакавме да го задржиме Лука, но негов сон од детството е да заигра за Барселона и не сакавме да му го уништиме тоа. Ваква понуда тешко се одбива, но имам чувство дека Циндриќ еден ден ќе ни се врати“ – изјави Сервас.
Понудената сума од Барселона ја надминува границата од еден милион евра, а точната висина на трансферот се очекува да биде обелоденета откако ќе биде постигнат целосен договор меѓу клубовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА