Азар ќе заработува 400.000 фунти неделно во Реал Мадрид

Англискиот премиерлигаш Челси ја прифатил понудата на Реал Мадрид од 115 милиони фунти за услугите на белгискиот репрезентативец Еден Азар. Белгиецот официјално на „Сантијаго Бернабеу“ треба да биде претставен в понедeлник на 3. јуни. Азар ќе потпише петгодишен договор, со неделна заработувачка од 400.000 фунти.

Флорентино Перез најави нов проект, а токму Белгиецот беше една од главните цели на раководството на „кралскиот клуб“, но и на тренерот Зинедин Зидан, како би ја вратиле доминацијата во европскиот фудбал. Азар во Челси прејде од Лил во летото 2012 година, за сума од 35 милиони фунти, а за тимот од „Стемфорд Бриџ“ вечерва ќе го одигра последниот натпревар во финалето од Лигата на Европа против Арсенал.

Од таборот на Реал Мадрид се очекува да го потврдат и доаѓањето на Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...