Францускиот интернационалец Нголо Канте не успеа навреме да се опорави и нема да биде дел од вечерашното финале во Лигата на Европа меѓу Челси и Арсенал. Менаџерот Маурицио Сари ќе мора да пронајде алтернативно решение во средниот ред и да го надомести отсуството на дефанзивниот играч за врска.
Канте минатикот месеци имаше проблеми со бутниот мускул, а минатата седмица на тренинг заработи повреда на коленото. Лекарскиот тим се обиде да го опорави за настап, меѓутоа сепак тоа се покажа како невозможна мисија.
Челси и Арсенал вечерва во 21 часот ќе имаат финална пресметка во Лигата на Европа на Олимпискиот стадион во Баку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА