Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо најверојатно ќе си замине од „Камп Ноу“ ова лето. Тој не го оправда во потполност скапиот трансфер со своите игри и чувствува притисок за да ја напушти Барселона. Три големи европски клуб стојат во редот за неговиот потпис.
Кутињо е цел на англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и на Челси, а во сериозна трка е и Пари Сен Жермен. Јунајтед сака околу него да го гради новиот тим што треба да се врати на врвот на англискиот фудбал, Челси го посакува како еден вид замена за Еден Азар кој е пред трансфер во Реал Мадрид, а и ПСЖ има сериозна намера да го види во своите редови.
Барселона за него ќе бара отштета од околу 100 милиони евра, со оглед дека има договор до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА