Конте нема да го задржи Икарди во Интер

Италијанскиот калчолигаш Интер го отпушти Лучијано Спалети и извесно е дека на клупата многу брзо ќе го промовира Антонио Конте. Но, тоа значи и дека аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ќе мора да си замине од Милано. Како што истакнува „Газета дело спорт“, во замислите на Конте нема место за Икарди во составот на „нероаѕурите“ за следната сезона.

Поранешниот италијански селектор Антонио Конте важи за стратег кој сака да има комплетна контрола над тимот и не дозволува премногу сугерирање. Оттаму и не сака да има проблеми со Мауро Икарди и со неговата сопруга Ванда Нара, која воедно е и негов фудбалски агент.

Икарди би можел ова лето да биде продаден во шампионот Јувентус.

Се вчитува...