Никола Митревски потпиша за Работник!

Работник вчера ја заврши извонредната сезона, а битолските „фармацевти“ денеска ги потврдија големите амбиции и за новата сезона, потпишувајќи договор со Никола Митревски. Репрезентативниот голман реши да си замине од Романија, каде во голема форма бранеше за Констанца, а од неколкуте понуди на негова адреса Митревски ја избра онаа за враќање дома, потпишувајќи за актуелниот вицешампион на Македонија.

„Добредојде во Еурофарм Работник, Никола Митревски“ – објави битолскиот клуб, уште еднаш потврдувајќи дека планира годинешнава сезона да биде најава за уште поголеми успеси во иднина.

Битолскиот клуб веќе ги има договорено условите и со Марио Танкоски, но се чека на одлуката на Арбитражната комисија при РФМ, за барањето на репрезентативецот на раскинот на договорот што го има со Металург.

Се вчитува...