Третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ ќе има рекорден број на учесници. Точно 1.585 натпреварувачи се пријавени на 5 и 10 километарските трки како и тим билдинг трките во двете делници кои ќе се трчаат в недела (2. јуни).
Kомплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодари на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат в недела на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.
Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде утре (1. јуни) од 9 до 20 часот на градскиот плоштад во Охрид.
Програмата на атлетскиот викенд започнува денеска со Ноќната трка. Учеството на Ноќната трка е бесплатно, а на финишот кој е пред домот на Домот на култура Григор Прличев ќе има концерт во живо и паста забава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА