ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Лесен тренинг за „истегнување“ по неочекуваниот долгиот пат од Скопје одржаа денеска ракометарите на Вардар. Вообичаено, тренинзите во Келн не се одржуваат во „Ланксес Арена“, која се „шминка“ за викенд-спектаклот, па „црвено-црните“ користеа една од помалите сали во германскиот град.
Атмосферата во тимот е беспрекорна, па сите со нетрпение го очекуваат стартот на утрешното полуфинале со Барселона. Каталонците беа подобри на двете средби во групната фаза, но Вардар се потсетува на 2017 и минималниот триумф со голот на Циндриќ во последната секунда.
Нека биде реприза…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА