Салах му фати сеир на Кејн

Се е подготвено за утрешното големо финале во Лигата на шампионите во кое Ливерпул ќе ги одмери силите со Тотенхем. Главна дилема во лондонскиот клуб е дали Хари Кејн ќе биде во можност да настапи од првата минута на финалето во Мадрид, а Мохамед Салах во едно кратко интервју не ја пропушти можноста да му фати „сеир“ на голгетерот на ривалската екипа.

„Хари Кејн е врвен фудбалер кој сигурно би му бил од помош на Тотенхем доколку настапи. Сите се добро запознаени со неговите квалитети, тој беше најдобар стрелец во Премиер-лигата… се додека јас не дојдов во Англија“ – прокоментира Салах.

Асот на Ливерпул лани без конкуренција ја доби наградата за најдобар стрелец во елитното англиско фудбалско друштво, а сезонава признанието го подели со Садио Мане и со Обамејанг.

Се вчитува...