Големината се гледа по карактерот, колку брзо ќе се вратиш по падот. Работнички во вторникот одигра катастрофално во Гевгелија, но „центарци“ затоа вечерва со шампионско издание си ја вратија предноста во полуфиналната пресметка со Блокотехна.
Кога Работнички ќе се разигра, никој не може да го запре, го увидоа тоа и кошаркарите на Блоко, кои се обидуваа да сторат нешто повеќе, но беа немоќни да го запрат налетот на актуелниот првак. „Црвено-белите“ се наоѓаат на само еден чекор до финалето, јасно е дека нема да им биде лесно, но ваквото издание влева оптимизам во таборот на Работнички, не само за триумф во ова полуфинале, туку и во евентуалното финале со големото финале со МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА