Раководството на УЕФА излезе во пресрет на барањето на Маурицио Покетино, па увертирата на вечерашното финале меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе биде оригинална. Стратегот на „спарси“ предложи наместо вообичаеното фотографирање на стартните единаесетмина, за овој голем натпревар да се дозволи фотографија на сите играчи, заедно со резервите.
„Пред неколку седмици испратив предлог целата екипа да може да има заедничка фотографија, првотимцитте и резервите. Мислам дека УЕФА го послуша мојот предлог, бидејќи со него се покажува заедништвото, вредностите кои фудбалот како колективен спорт ги нуди. Овој трофеј е подеднакво важен и за оние кои ќе играат и за оние кои ќе седат на клупата“ – истакна Покетино.
УЕФА попладнево преку соопштение објави дека по поздравувањето меѓу првотимците на финалистите, двата клуба ќе имаат можност да се фотографираат по два пати, еднаш само стартните единаесетмина, а потоа заедничка слика со резервите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

