ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Вардар направи фантастичен пресврт, ја елиминира големата Барселона (29-27) и обезбеди ново финале на Ф4 во Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов стави точка на триумфот со последниот гол на мечот, а потоа и најави голема борба во финалната пресметка со Веспрем.
„Во првото полувреме на Барселона и одеше се. Постигнуваа голови, играа одлична одбрана. Но, потоа дојдоа и нашите моменти. Посакувавме победа и на полувремето, одигравме одлично и направивме голем пресврт. Ова е голем тим, со ракометари кои се родени победници. А кога ја елиминиравме Барселона, најдобриот состав во светот, тогаш нека му ја мисли Веспрем“, изјави Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА