Крилото на женската ракометна репрезентација на Македонија со осум гола беше една од најдобрите во поразот од Словенија (30-33) во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Јапонија. Ристовска смета дека тие потфрлиле во одбраната, особено при затворањето на бековите на Словенките, но ветуваат дека ќе дадат максимум и нема да се предадат на реваншот.
„Им честитам на Словенките. Едноставно не обработивме во одбраната. Не ги затворивме нивните бекови и шутевите од девет метри. Во напад не бевме лоши, но во одбраната потфрливме. Има уште шеесет минути ништо не е загубено и ние нема да се предадеме ниту во реваншот“, вели Ристовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА