Хулен Лопетеги не чекаше многу на нов работен ангажман по отказот од Реал Мадрид, па поранешниот селектор на Шпанија повторно ќе има работа во „Ла Лига“. Севилја ќе биде новиот клуб на Лопетеги, откако се договорени сите услови за тригодишна соработка, а денеска и официјално беше потврдено доаѓањето на овој стратег на „Санчез Пизхуан“.
Директорот Мончи доби одврзани раце за повторно да почне проект сличен на оној што доминираше во Лигата на Европа, а изборот за нов стратег паднал токму врз Лопетеги. Екс-селекторот на „црвената фурија“ ќе има околу 60 милиони евра за засилувања, а како зацртана цел ќе му биде пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Севилја ја заврши сезонава на шестото место, обезбедувајќи си пласман во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА