Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ја заслужува „Златната топка“, повеќе од Лионел Меси, смета селекторот на Холандија, Роналд Куман. Ван Дајк скромно изјави дека најголемото индивидуално признание за 2019 година треба да заврши во рацете на Меси, но Куман има сосема поинаков став по ова прашање.
„Вирџил ја заслужи „Златната топка“. Знам дека таа награда најчесто се доделува на фудбалерите кои даваат голови, но ако еден дефанзивец треба да ја добие тоа е ван Дајк. По моето мислење, Меси е најдобриот фудбалер во светот, но исто така сметам дека треба да освоите голем трофеј за да ја добиете наградата“, вели Куман.
Статистиката покажа дека во 68. натпревари сезонава ниту еден играч не успеал да го помине ван Дајк во ситуациите „еден на еден“.
No-one has completed a dribble past @VirgilvDijk in any of his last 64 appearances for us. ?
BIG VIRG. ?? pic.twitter.com/tiSeYTH4po
— Liverpool FC (@LFC) June 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА