Избраниците на Милевски подготвени за тестот со Финска (ФОТО)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го одработи последниот тренинг во Трнава во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со Финска. Селекторот Благоја Милевски ќе го нема на располагање најдобриот можен состав, но овој меч во Словачка ќе биде одлична можност да ја провери моментната форма на репрезентативците.

Како што е познато од претходно, овој тест ќе го пропуштат Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и Џемал Ибиши (Вардар). Медицинскиот тим во репрезентацијата потврди дека тие не се во можност за настап за дуелот со Финците.

 

Се вчитува...