Звонимир Бобан, нов спортски директор на Милан?

Поранешниот фудбалер на Милан, Хрватот Звонимир Бобан, би можел да се врати на „Сан Сиро“ како нов спортски директор на клубот. Тој цела деценија, од 1991 до 2001 година, го носеше дресот на „росонерите“ и со Милан освои четири шампионски трофеи, како и еден пехар во Лигата на шампионите.

Според „Кориере дела сера“, техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, сака на позицијата спортски директор на клубот да го види токму Звонимир Бобан и веќе имал начелни разговори со него. Ова треба да биде дел од трансфромацијата на клубот што ја почна генералниот директор Иван Газидис, а од клубот си заминаа Леонардо и тренерот Џенаро Гатузо.

Звонимир Бобан во моментот е вработен во ФИФА, како советник на претседателот Џани Инфантино.

 

Се вчитува...