Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ по две одлични сезони во дресот на Ајнтрахт Франфурт, за 60 милиони евра премина во Реал Мадрид со што стана најскопо платен фудбалер во историјата на српскиот фудбал. Тој на својот инстаграм профил напиша дека сон на секое дете е да игра во голем клуб каков што е Реал Мадрид.
„Реал ми ја отвори вратата да станам уште подобар фудбалер. Сон на секое дете е да игра во голем клуб како што е Реал Мадрид. Мојот сон тукушто се оствари. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот. Ви благодарам што ми дадовте шанса да се развивам како човек. Ви благодарам на поддршката“ – напиша Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА