Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ја совлада селекцијата на Црна Гора со 2-0 на вториот пријателски меч одигран во Скопје. Избраниците на селекторот Горан Станиќ одиграа многу подобро од првиот тест што го загубија со 0-1, и стигнаа до заслужен триумф.
Резултатот го отвори Таири во 34. минута, а триумфот го потврди Тошевски со погодок во 90.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА