Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година оствари минимален триумф (1-0) над Финска на пријателскиот натпревар што се одигра во словачкиот град Трнава. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се прикажаа во одлично издание и сосема заслужено стигнаа до победа.
Македонија поведе со голот на Ване Јованов во петтата минута. Тој се реши за удар од далечина и успеа да го совлада противничкиот голман Хуго Кето.
Селекторот Благоја Милевски го почна натпреварот со следниот состав: Јанков, Јованов, Антовски, Тодоровски, Руфати, Личина, Ристовски, Тошески, Крстовски, Здравковски, Трапаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА