Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го договори првото летно засилување. Се работи за 21-годишниот Велшанец Даниел Џејмс, кој доаѓа од редовите на Свонси.
„Деталите околу договорот и официјалнот потпишување, ќе се реализираат следната недела, кога и официјално ќе стартува трансфер рокот“, стои во соопшетнието од Манчестер Јунајтед.
Џејмс во Свонси пристигна во 2014 година од редовите на Хал. Годинава во Чемпионшип настапи на 33. натпревари на кои постигна четири гола.
Man Utd have agreed in principle to sign Swansea winger Daniel James
Full story: https://t.co/bhDXgVcYxg pic.twitter.com/F9vB6wuPBs
— Premier League (@premierleague) June 7, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА