Полска дојде во Скопје и го освои со еден единствен шут. Пјонтек влезе во игра на полувремето, а во 47.минута со „млитав“ обид за ножички ја упати топката кон голот, имаше среќа сите други да не реагираат, вклучувајќи го и голманот Столе Димитриевски – и се случи водство за Полјаците.
Селекторот Јержи Бржечек е задоволен од триумфот (0-1), Полска има три победи во три меча во досегашниот тек од квалификациите за ЕП 2020.
„Секогаш играме многу полошо во првото полувреме. Не бевме на потребното ниво и затоа го внесов Пјонтек, да внесе свежина во нападот. Имавме среќа, веднаш постигна погодок, а на крајот тоа ни ја донесе и победата. Свесен сум дека не одигравме добро, но победивме. Ако некој не прашаше дали ќе бидеме среќни со три победи по три меча, секако дека тоа е џек – пот. Македонија беше силен ривал на овој меч и не е лесно да се победи во Скопје“, изјави селекторот на полскиот национален тим по триумфот над Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

