Селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, нема намера да се повлече од својата функција по катастрофалнто издание и убедливиот пораз на гостувањето против Украина. Тој вината за слабата игра и резултатот ја посочи кај фудбалерите, јасно ставајќи до знаење дека неговата иднина на клупата на националниот тим не треба да биде доведувана во прашање.
„Едноставно е – нашата игра не функционираше, жалам што се најдовме во ваква ситуација, но животот оди понатаму. Наидовме на подобар противник, целиот наш тим потфрли, примивме два брзи гола на почетокот и потоа беше невозможно да се вратиме. Ја преземам одговорноста, но одиме понатаму. Колку и да е тешко, треба да се подготвиме за следниот натпревар“ – изјави Крстајиќ.
Србија во следното коло ќе ја пречека селекцијата на Литванија, но овој натпревар в понеделник ќе се одигра пред празни трибини на стадионот во Белград поради казната што УЕФА му ја изрече на нашиот северен сосед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА