Реал Мадрид успеа да го купи белгискиот интернационалец Еден Азар од Челси, но има уште една голема желба од Премиер – лигата. „Кралевите“ сакаат да го ангажираат и Данецот Кристијан Ериксен од Тотенхем и за тоа се подготвени да платат 113 милиони евра.
Одличниот играч за врска најави дека дојде времето за заминување од Лондон и даде знак за понудата што треба да ја достави Реал Мадрид до раководството на Тотенхем.
„Чувстувам дека е момент за нешто ново во мојата кариера“, изјави Ериксен, а медиумите го поврзаа со трансфер во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА