Фудбалската репрезентација на Хрватска ја оствари втората победа во квалификациите за ЕП 2020. „Коцкестите“ славеа на домашен терен против Велс со 2-1 и со шест бода се наоѓаат на првото место во групата Е.
Лоренс си постигна автогол и донесе водство за Хрватите, а Иван Перишиќ во 48.минута зголеми на 2-0. Велс постигна почесен погодок преку Дејвид Брукс, но немаше сили за израмнување. Шанси имаше Герет Бејл, но не беше прецизен.
Исланд славеше минимално над Албанија со 1-0 во групата Х. Јохан Гудмундсон беше стрелец на победничкиот погодок во 22. минута од дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА