Роналдо: Играме за историја, да бидеме први освојувачи на трофеј во Лигата на нации

Фудбалските репрезентации на Португалија и на Холандија вечерва (20.45) на стадионот „Драгао“ во Порто ќе имаат финална пресметка во Лигата на нации. Кристијано Роналдо со хет – трик против Швајцарија ја одведе својата селекција во финалето, а вели дека е максимално мотивиран за да го освои трофејот во ова новоформирано натпреварување на УЕФА.

„Играме за историја. Првиот победник секогаш се памети. Покрај тоа, играме и пред домашната публика. Холанѓаните се во фудбалски налет, очигледно дека ја надминаа кризата, но се уште ја создаваат репрезентацијата. Мислам дека во овој момент имаме подобар и поквалитетен тим“, вели Роналдо.

Португалија и Холандија играат во финалето вечерва со почеток во 20.45 часот.

 

Се вчитува...