Работнички го доби баражот со Прилеп и ќе игра во Супер-лигата

Тимот на Работнички следната сезона ќе игра во ракометната Суперлига, откако во баражот славеше против Прилеп со 38-30. Работнички беше доминантен на дуелот што се одигра во Неготино и на полувремето веќе имаше предност од осум гола (21-13). Во вториот дел, рутински ја одработи задачата за конечен триумф. Покрај Работнички, наредната сезона во Суперлигата ќе игра и Металург 2.

Палевски во составот на Работнички постигна 12 гола, додека Темелковски беше најефикасен кај Прилеп со осум гола.

 

 

Се вчитува...