Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски кој најголем дел од кариерата мина во Австрија, одлично ги познава квалитетите на утрешниот противник на составот што го предводи Игор Ангеловски. Австрија дојде без првата ѕвезда, фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, а во една таква ситуација најголемата опасност секако доаѓа од Марко Арнаутовиќ.
„Австријците се квалитетен тим, ги карактеризира голема борба на теренот и тркачки квалитети, а најголемата опасност за Македонија доаѓа од Марко Арнаутовиќ. Тој е одличен напаѓач, кој умее да постигна гол и од најмала шанса. Но, Македонија е посебно опасна на домашен терен и на Австријвите нема да им биде лесно во Скопје“, вели Илчо Наумоски за „Ворарлбергер Нахрихтен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА