Кори Хигинс се закити со титулата во Евролигата со тимот на ЦСКА Москва, по што реши да го напушти рускиот гигант. Барселона ќе биде новата дестинација на американскиот бек, кој синоќа по освоената титула во ВТБ-лигата и официјално го потврди своето заминување од Москва.
„По последниот меч со Химки ги прегрнав соиграчите и претседателот. Благодарен сум за сето она што го направија за мене, си одам од ЦСКА и со тоа завршува една убава приказна во мојата кариера“ – изјави Хигинс.
Понуди за Американецот во изминатите денови испратија бројни екипи, но онаа на Барселона беше супериорна. Хигинс без размислување прифати, тој ќе ги мине следните три години во Барса и во овој период ќе заработи дури 10,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА