Судијата Мартин Аткинсон фатен на „жестока“ забава во Индонезија (ФОТО)

Четворица премиерлигашки судии, тројца кои се во брак се најдоа во центарот на скандал откако се појавија слики и видеа на кои тие се со „девојки за забава“ на добротворна забава во Индонезија. Најзвучното име меѓу нив е Мартин Атикинсон.

Тој на фотографиите и на видеото е фатен како прегрнува девојка во кус црвен фустан. Во објавите на британските медиуми нема сугестии дека девојките биле платени или пак дека судиите направиле нешто нелегално, критиките се движат во насока дека тројца од нив се во брак и се родители.

Девојките по забавата ги објавите фотографиите на социјалните мрежи. Индонезија е контроверзна дестинација и важи за држава во која луѓето патуваат поради „секс туризам“. Еден сведок раскажува дека многу девојки кои се студентки или работат ниско платени работи, навечер се дружат со странци и земаат пари за одење во нивните соби.

 

 

Се вчитува...