Во Аеродром на титула „мириса“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје е на добар пат по само една година пауза повторно да владее со македонската кошарка. За разлика од ланското финале, овојпат „металците“ се оние кои доминираат во пресметките со Работнички, стигнувајќи до водство од 2-0 во пресрет на третиот меч што ќе го играат на домашен терен за помалку од 48 часа.

Вечерашниот втор дуел донесе голема борба, Работнички покажа карактер, но на крајот сепак пресуди класата на „металците“, кои со повеќе квалитет, но и квантитет во ростерот, стигнаа до победата со цврста одбрана во последната четвртина.

Аеродромските фанови знаеја како да ја прослават победата, свесни колку нивните миленици се блиску до враќање на титулата назад во „Јане Сандански“. В четврток се ќе биде подготвено за славје, но Работнички и со преполовен ростер ќе стори се за да ја расипе „забавата“. Свесен за тоа е и Кочов, кој гласно побара од своите избраници максимално залагање, свесен дека тоа е единствениот начин да се стигне до шампионско славје.

 

Се вчитува...