Сент Луис е новиот НХЛ шампион, клубот го освои првиот Стенли Куп трофеј во историјата откако во финалната серија во седмиот натпревар и тоа на гостински терен со 4-1 го победи Бостон. Сент Луис стана првиот тим во историјата кој успеал да дојде со шампионскиот пехар, а во одреден момент од лигашкиот дел бил на последната позиција.
Сент Луис е екипата кој најдолго чекаше шампионска титула, цели 50 години. Рајан О’ Рајли кој постигна еден гол за шампионскиот тиумф го доби признанието „Кон Смит“ за најкорисен играч на финалната серија.
Hard to forget a moment like this… #StanleyCup pic.twitter.com/EBpk0MGTrN
— NHL (@NHL) June 13, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА