Продолжува прекрасната приказна – Казорла потпиша нов договор со Вилјареал

Шпанскиот фудбалер Санти Казорла го продолжи договорот со Вилјареал на уште една година. Шпанецот минатата сезона веројатно беше најубавата приказна во фудбалска Европа, бидејќи успеа да се врати на терените по тешката повреда по која никој не веруваше дека ќе се врати на терените.

Казаорла се повреди во ноември 2015. година, а оттогаш до годинава на него беа извршени вкупно 15 операции. Докторите му рекоа дека веќе нема да може да игра фудбал, но тој во ниту еден момент не се откажа. Три години стрпливо чекаше да се врати на терените. Минатото лето потпиша за Вилјареал, а поради одличните игри доби повик и во репрезентацијата на Шпанија.

Иако имаше понуди и од Кина, сепак Казорла на крајот одлучи да остане во својот Вилјареал и да потпише нов договор.

 

 

Се вчитува...