Бомба од Германија – Хумелс се враќа во Борусија Дортмунд

Германскиот одбранбен фудбалер Матс Хумелс го напушта Баерн Минхен и ќе се врати во Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.

Преговорите се во поодмината фаза, а од Дортмунд веќе им ставија до знаење на „баварците“ дека се подготвени да направат се, да го вратат Хумелс на „Сигнал Идуна паркот“. Цената на трансферот ќе се движи од 15 до 20 милиони, а Хумелс е подготвен да прифати драстично смалување на платата, која во Баерн Минхен изнесува 12 милиони евра годишно.

Хумелс со Борусија Дортмунд во 2011 година ја освои титулата во Бундеслигата, а во 2014 година го освои и Светското првенство со репрезентацијата на Германија.

Се вчитува...