ИН МЕМОРИАМ: СЛОБОДАН ВУЈЧИЌ-БРАЦО

По кусо боледување, денеска во Скопје на 70 – годишна возраст почина големиот пријател и помагател на македонскиот спорт, Слободан Вујчиќ – Брацо. Како претставник на познатата маркетиншка компанија УФА МЕДИА од Германија, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5 ги застапуваше телевизиските права на најпознатите македонски екипи и репрезентации.

Вујчиќ беше долгогодишен спонзор на ФК Вардар во чие време се одиграа и незаборавните средби со ЦСКА Москва, Спарта Прага и Рома. Во време кога ги спонзорираше ФК Работнички и ФК Тетекс овие екипи играа значајна улога во македонскиот клупски фудбал. Беше драгоцена неговата финансиска помош во ФК Македонија ЃП, во ФК Слога Југомагнат, ФК Победа, ФК Борец Велес, ФК Еуромилк, ФК Локомотива…

Забележлива беше неговата помош и во ракометниот и во одбојкарскиот клуб Вардар. Од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во Крањ 1993 година ги застапуваше маркетиншките и телевизиските права, а 2004 година ја донираше целокупната опрема на македонските олимпијци на игрите во Атина 2004 година. Беше голем хуманитарец, носител е на наградата “Мајка Тереза“, Скопје и Македонија ги чувствуваше како своја втора татковина.

Се вчитува...