Џет-сетот на шпанскиот фудбал денеска е во Севилја, на свадбената свеченост на која Серхио Рамос ќе го каже судбоносното ДА и со брак ќе ја круниса долгогодишната врска со Пилар Рубио.
Пред катедралата во Севилја можеа да се забележат бројни фудбалски легенди од калиброт на Дејвид Бекам и Серхио Рамос, соиграчи на Рамос како Модриќ и Навас, но и ривали од Барселона како Бускетс и Жорди Алба.
Како што веќе беше објавено, на листата од 500 гости неочекувано го нема Кристијано Роналдо, кој девет години настапуваше заедно со Рамос во дресот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА