Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Каталонија. Триумфот остана во сенка на инцидентот кој го предизвика неговиот колега Хорхе Лоренцо.
Маркез стигна до третата победа во кариерата на патеката во Барселона, запишувајќи лесни 25 бода.
Трката беше исклучително интересна од самиот почеток. Лоренцо прилично напредуваше освојувајќи позиција на секоја кривина, но во обидот да го нападне Винјалес постапи почетнички со катастрофална грешка притоа соборувајќи дури тројца возачи. Настрадаа Винјалес, лидерот во тие моменти на трката Довичиозо како и Валентино Роси кои предвреме ја завршија трката.
Со својот неспретен потег Лоренцо практично ја уништи трката, па покрај триумфот на Маркез интересна единствено беше битката за втората позиција која ја доби Квартараро пред Петручи, Алекс Ринс и Џек Милер. Интересно само 13 мотоциклисти ја завршија трката во Барселона поради големиот број инциденти.
Доминантната победа на Маркез ја зацврсти неговата лидерска позиција во Мото ГП шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА