Реал Мадрид во своите редови го донесе Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра, но клубот од Германија од трансферот на Србинот заработи само 20 милиони евра. Претседател на Ајнтрахт, откри дека покрај германскиот тим, свој дел од траснферот земале и Бенфика, менаџерите, Црвена Звезда, но и државата.
„Многу се зборува за тие 60 милиони евра. Меѓутоа, не е баш се како што изгледа. Има дел кој и припаѓа на Бенфика, потоа обврските кон менаџерите. Искрено, нам ќе ни останат околу 20 милиони“, изјави Фишер.
Реал го направи Јовиќ најскап фудбалер од поранешните простори на Југославија, а договорот со кралскиот клуб е со важност до 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА