Тоти ја отвори душата: Ова веќе не е Рома што јас ја знам

Франческо Тоти ја отвори душата за причините за заминувањето од клубот, вината целосно префрлајќи ја врз американските сопственици на клубот. Притисокот врз газдите се зголеми по заминувањето на капитенот Даниеле де Роси, а се очекува уште пожестока реакција на навивачите откако „синот на Рим“ проговори за случувањата во изминатиот период.

„Долго размислував и донесов одлука да си заминам, да си поднесам оставка. Не ми е лесно, но ова веќе не е Рома што јас ја знам. Бев донесен како директор, но никогаш не ми беше дадена можност да покажам дека можам да ја извршувам и оваа функција. Не донесов ниту една единствена одлука, слушнав безброј ветувања, но ниту едно не беше исполнето. Кога ќе се навратам наназад, Американците сторија се за да го избришат она што е Рома навистина, да ги избркаат симболите на нашиот клуб. И искрено ми е жал што успеаја во тоа, но не можам да останам и да бидам симболот со кој сите ќе ги залажуваат дека се е во најдобар ред“ – истакна Тоти.

Тој проговори и за ланската сезона, во која Рома беше далеку под посакуваното ниво, не успевајќи ниту да обезбеди пласман во ЛШ за 2019/2020.

„Тренерот Ди Франческо беше донесен од Мончи, но сакам да биде јасно дека јас немав ништо против овој стратег. Тој е најмалку виновен, бидејќи кога дојде како и на мене му беа ветувани разни работи, а не му беше исполнето ништо. Тој достави листа од 4-5 фудбалери што сакаше да ги донесе, а управата не купи ниту еден од нив. Пред две сезони игравме полуфинале од ЛШ, па наместо да се засилиме дополнително, ние пак ги продадовме клучните фудбалери. Така не прават сериозни клубови“ – потенцираше Тоти дел од проблемите на римскиот клуб.

After a Champions League semi-final, you think next year, you must head to the Final. But selling players, and I want to defend Di Francesco here – although I want to be clear Monchi chose him, not me, I made no decisions – he asked for four or five players who were never signed.

“It’s too easy to hide, because the truth hurts. The Coach may well have made mistakes, but he asked for four or five players and they signed ZERO.”

I tell the truth. If a player asked me for advice on coming to Roma, I wouldn’t take him for a ride. I’d tell him the positives and the negatives, then he’d make his own decision. I am transparent.

“The positives are the city, it’s beautiful, sunny, and of course the Roma fans, who are the greatest of all.”

Се вчитува...