По завршувањето на репрезентативните обврски, македонските репрезентативци Енис Барди, Ферхан Хасани и Езгијан Алиоски се одлучија на заеднички одмор во Бодрум, Турција.
И, ако се суди според фотографиите кои ги споделуваат со своите обожаватели преку социјалните мрежи, очигледно е дека добро уживаат…
Барди и Алиоски релаксирано и од аспект на сигурноста каде ја продолжуваат новата сезона, во своите досегашни клубови Леванта односно Лидс, додека Ферхан Хасани е во очекување на својата следна дестинација. Шкендија посакува да го врати во своите редови, но факт е дека за Хасани прва опција е продолжувањето на интернационалната сцена. Пропуштајќи ги и главните подготовки за тетовци во Словенија јасно е дека не може да се вклучи во тимот за настапите на европската сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА